Објавено на:

Ништо од предлогот на Зеленски: Борел објави дека ЕУ нема донесено одлука за ембарго за руските нафта и гас

t

ЕУ сè уште нема донесено никакви одлуки за ембарго за нафта и гас против Русија, за таа можност сè уште се дискутира, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на прес-конференција по денешното заседание на Советот на ЕУ во Луксембург.

Евентуалното откажување на ЕУ од нафта и гас од Русија нема да ја спречи руската армија во Украина, изјави Борел, пренесува Бгнес.

-Да немаме илузии: ако денес запрете да увезувате гас и нафта, во наредните недели тоа нема да ја запре руската армија, рече Борел.

Тој исто така нагласи дека ЕУ е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина покрај веќе доделените 1,5 милијарди евра за оваа намена.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова криза во најава: Индија планира ограничување…

Индиските власти планираат да ги продолжат ограничувањата…

Благ пораст на цените на нафтата на…

Цените на суровата нафта најверојатно ќе ја…

Левица: Вработени во општина Брвеница се професионалци…

Вработени во општина Брвеница се професионалци за…

Путин го потпиша указот: Ќе следува одговор…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша…

Путин: Ако ја ограничат цената на нафтата…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…