Ни пристигна зејтин од соседите: Во Македонија донесени 48.000 шишиња од Србија, утре уште толку

Попладнево во Македонија влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре.
Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време.
Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата.
Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а пола се очекуваат, договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија: Сопругот ја пријавил за исчезната, таа…
На 22.03.2023 во Полициската станица Ѓорче Петров…
Зибери повторно ќе биде кандидат за прв…
Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување…
(Видео) Елмас и Чурлинов за пет минути…
Македонија го скрши отпорот на Малта и…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…