Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ кажа дека планира да ја брани титулата на Вимблдон и ја поддржа одлуката на АТП да не се доделуваат рејтинг поени, иако тој ќе биде најголемиот губитник во таа ситуација.
Машката и женската тениска асоцијација одлучија да го казнат Вимблдон зашто го забрани настапот на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради инвазијата на Украина, па најпрестижниот тениски настан ќе биде сведен на егзибициски турнир.
Ѓоковиќ изјави дека суспензијата на Русија и Белорусија е грешка и додаде дека организаторите на турнирот многу лошо ја извеле целата работа.
„Имаше простор за компромис, но место тоа, добивме ситуација во која сите губат“, кажа Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ кажа дека АТП и Вимблдон уште водат преговори, затоа што оваа одлука не им се допаѓа на многумина, а тоа оди и на негова штета затоа што ќе загуби дополнителни 2.000 бодови и првото место на ранг-листата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калин Ивановски не успеа да се пласира…
Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде…
Надал не ја завршува кариерата: Ќе играм…
Рафаел Надал нема да ја заврши кариерата…
За последен пат ќе го гледаме Надал…
Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…
Вимблдон го менува начинот на прогласување на…
Организаторите на најстариот Грен слем турнир, на…
Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ кажа дека планира да ја…