Објавено на:

Нова бомбашка закана за Белград: Санкции за Русија или веќе нема предупредувања!

t

Редакцијата на српски Телеграф повторно добила грозоморни закани за бомбашки напади низ Белград. На адресата на Телеграф пристигнал мејл со кратка заканувачка порака и локациите каде наводно бил поставен експлозивот. Иако пораката, пренесува медиумот, е многу лошо преведена на српски јазик, а од неа лесно може да се заклучи дека е напишана со огромна омраза.

„Сите овие бомби ќе експлодираат за 2-3 часа (мејлот пристигнал во 12:26 часот). Ние не сме руски терористи кои силуваат и убиваат жени и деца, за разлика од оние дегенерирани нечовечки дивјаци што ја уништија Украина. Воведете санкции за Русија или нема да ве предупредуваме следниот пат кога ќе поставиме бомби. Сакате ли да продолжиме? Нашите бомбардирања ќе продолжат да ја пустошат српската економија, веќе направивме штета од 50 милиони евра и ќе направиме повеќе. Не можете да не запрете, затоа направете ја вистинската работа“, стои во е-поштата.

Ова се локациите на кои се однесува заканата
– Зоолошката градина
– Руската амбасада
– Воената академија
– Универзитетот во Белград
– Студентските домови Патрис Лумумба и Мика Митровиќ
– Уставниот суд
– Народното собрание на Република Србија
– Меѓународното училиште Чартвел
– Британското меѓународно училиште
– Меѓународното училиште во Белград

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо невреме ја зафати Србија

Невреме ја зафати Србија, па така на…

Абазовиќ брутален: Или јас или Ѓукановиќ ќе…

Абазовиќ: Она што се случува вечерва во…

(Видео) Најмалку 16 лица се повредени при…

Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице,…

Молдавија ќе купува природен гас од Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е…

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…