Објавено на:

Нова драма со „Евровизија“: Романија тврди дека не ѝ дала 12 поени на Украина и не знае зошто е дисквалификувана од гласањето

t

Откако партнерот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, соопшти дека идентификувале неправилни шеми на гласање во шест земји, е огласи и шефицата на романската делегација, Јулијана Марчук, која тврди дека 12-те поени што Букурешт ѝ ги додели на Молдавија ѝ припаднале на Украина и дека не ѝ е јасно зошто ЕБУ го поништила гласањето на нивното жири.

Со цел да се усогласи со правилата за гласање , ЕБУ работеше со својот партнер во гласањето за да пресмета заменски кумулативен резултат за секоја земја во второто полуфинале и во големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи, наведоа во писмената изјава.

-ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето – стои во соопштението.

Марчук тврди дека 12-те поени што Букурешт ѝ ги додели на Молдавија ѝ припаднале на Украина и дека не ѝ е јасно зошто ЕБУ го поништила гласањето на нивното жири.

– Се јавив во Букурешт од Торино, побарав да ми го дадат резултатот, бидејќи до тој момент не знаев детали за тоа како е организирано жирито во студиото. Дознав дека гласањето било организирано според сите правила на ЕБУ, со задолжително присуство на записничар, кој пристигнал во студиото пред членовите на жирито. Членовите на жирито не можеа да комуницираат меѓу себе. Не можеа да зборуваат. Секој човек ги потпиша своите гласови. Не го видоа ниту конечниот резултат на жирито. Не знаеме што е проблемот! – изјави Марчук за романскиот „Тележурнал“ и тврди дека романското жири ги почитувало сите правила поставени од ЕБУ.

ЕБУ ги анализираше гласовите на жирито по втората генерална проба од втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година.

– Романската телевизија е целосно посветена на учеството на Евровизија 2022, плаќајќи ја котизацијата и подготвувајќи заедно со својот ВРС тим, проект кој уживаше јавно признание. Сепак, бевме изненадени кога откривме дека резултатот од гласањето на романското жири не беше внесен во конечната ранг-листа, при што организаторите доделија уште еден сет на поени за финалистите, во име на жирито на нашата земја. Прецизираме дека жирито во Романија одлучило да додели максимален број поени на претставниците на Молдавија – се тврди во соопштението на романската телевизија.

Земјите кои беа исклучени од гласањето се Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите…

Зборувајќи за време на државната посета на…

Еден гол му беше доволен на Интер…

Бранителот на пехарот во Купот на Италија,…

Заврши седницата на ИО на СДСМ: Еве…

(Интегрален текст од изјавата на Богданка Кузеска,…

(Видео) Грев е ова што ѝ го…

Грев е тоа што ѝ го прават…

(Видео) Ангелов ексклузивно за Инфомакс: На следните…

Доколку на наредните избори не добиеме 100%…