Нова драма: Украинците ја гранатирале нуклеарката Курск, Русија – нападите го нарушија функционирањето на централата

Украински агенти диверзанти испратени од Киев ги кренале во воздух високонапонските далноводи што ги користи нуклеарната централа во градот Курск во западна Русија, блиску до границата со Украина соопшти руската Федерална служба за безбедност, ФСБ, јавува РТ.
Експлозиите, кои се случија на 4, 9 и 12 август, „доведоа до нарушување… на функционирањето на нуклеарната централа“, соопшти ФСБ, алудирајќи на денешната и неколкуте други експлозии на полуостровот Крим.
Од ФСБ велат дека е покрената истрага за тероризам и дека е во тек потрагата по виновниците. Безбедноста на нуклеарните локации во Русија е зајакната.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека украински агенти разнеле воено складиште во близина на градот Џанкој на Крим. Се додава дека се оштетени далноводи, железница и неколку домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…