Нова несреќа: Мигрант нападнал полицаец во Гевгелија!

t

Утрво во 6 часот и 20 минути бил усмртен мигрант во Гевгелија кај Касарната, откако најпрвин бил нападнат полициски службеник, извести МВР.

Според полицијата, биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти.

-Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Притоа, полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите, кој веднаш бил пренесен со полициско возило во објектот на Итна медицинска помош за укажување лекарска помош каде починал, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, „Стави…

Вчера на подрачјата на Секторите за внатрешни…

Мигрант загинал од струен удар на покрив…

Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот…

Си ја бара бељата: Истиот мигрант по…

Шведската агенција за миграција покрена истрага против…

Мигрант преживеа струен удар на железничка станица…

На 16.08.2023 во 10:20 часот во Полициската…

Исчезната девојка во тетовско, ја нема од…

Утрово 07.20 часот во СВР Тетово, А.И.(57)…