Објавено на:

Нова трагедија во САД: Тројца убиени, 11 повредени во пукање во Филаделфија

t

Три лица загинаа, а 11 се повредени во пукање на прометна улица во американскиот град Филаделфија, соопшти полицијата.

„Четиринаесет лица биле застрелани и хоспитализирани. Тројца од нив – двајца мажи и една жена – подоцна починале во болница од повеќе прострелни рани”, изјави инспекторот Ди Еф Пејс од полицискиот оддел во Филаделфија.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и „идентификувала неколку вооружени лица кои отвориле оган врз толпата” во областа „Саут стрит”, прометна улица во Филаделфија.

„Можете да замислите дека на „Саут стрит” имаше стотици луѓе, како секој викенд, кога почна пукањето”, рече полицискиот инспектор.

Пејс додаде дека полицијата пукала врз еден од напаѓачите, но не прецизираше дали тој е застрелан.

Засега нема уапсени, објавија локалните медиуми.

Инспекторот Пејс рече дека на местото на пукањето биле пронајдени два пиштола, а полицијата ќе ги проучи снимките од камерите на трговските објекти во областа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 78 лица загинаа од ураганот Ијан…

Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со…

Нов инцидент во Косово: Албанец застрела Србин…

Пред дискотеката на влезот во Грачаница синоќа…

И САД ја пуштија низ вода: Сега…

Процедурата за прием на Украина во НАТО…

“Најмногу не сакаат”: Од земјите од регионот…

Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди…

Заеднична вежба на морнариците на САД, Јужна…

Морнариците на Јужна Кореја, САД и на…