Објавено на:

Новиот дијамант на Фенербахче со срце игра за Македонија, ама државата – го игнорира!?

t

Арда Окан Куртулан е новиот македонски дијамант, член на турскиот великан Фенербахче, кој вчера со два гола ја реши Босна и Херцеговина во вториот тест на новата генерација на младата репрезентација, откако два дена претходно дебитираше за оваа надежна селекција.

Кој е Арда Куртулан? Роден во Истанбул, на 19 ноември 2002 година, кој единствена поврзаност со Македонија е потеклото на неговиот дедо од нашата земја. И иако е Турчин, игра во еден од најголемите клубови во Турција и во Фенер во него гледаат нов бисер, тој има само една желба да игра за Македонија. А, веќе седумпати го носеше дресот на младата македонска селекција до 19 години, а во петокот дебитираше за селекцијата до 21 година, вчера ги даде сефте головите за најнадежната репрезентација.

Младиот напаѓач, кој игра како левокрилен фудбалер, може и како централен напаѓач, па дури и на десно, веќе три години е дел од Фенербахче откако во 2019 година овој гигант го скенирал и го донесе во младинскиот погон од Ерокспор. Фудбалските почетоци му се во малку познатиот Акшемсетин Парселерспор, а неговиот татко Рамазан е поранешен полупрофесионален фудбалер, кој играл во третолигашката конкуренција (ТФФ Лига).

И на крајот од оваа сезона во последното коло во турската Суперлига, Куртулан првпат дебитираше во сениорскиот тим на Фенербахче. Против Јени Малатијаспор доби шанса во последните шест минути од мечот, како мотивација за понатамошен напредок, ама очигледно во истанбулскиот великан сериозно процениле дека имаат дијамант во раце кој може многу брзо да го продадат за многу милиони, како што тоа го направија со Елиф Елмас и од Наполи земаа 16 милиони евра за трансфер.

За тимот на Фенер до 16 години даде седум гола на 16 меча, за тој до 17 години десет гола на 21 меч, а 15 гола и осум асистенции на 63 меча за тимот до 19 години. Со 19 ипол години веќе заигра за првиот тим, а новата сезона веројатно ќе добие уште поголема шанса.

„Јас сакам да играм за Македонија, секогаш доаѓам кога ќе ме повикаат и со љубов играм за Македонија“, вели Курулан.

Звучи чудно, но вистинито е, Куртулан сѐ уште чека македонски пасош за да може да игра на официјални мечеви. И додека досега сѐ минуваше тивко, самото тоа што веќе заигра за првиот тим на Фенербахче е ризик Македонија да го загуби. Неговата единствена желба е да игра за Македонија, иако многу пологичен би бил изборот да заигра за Турција, зашто е роден во Истанбул, по националност е Турчин, далечна е поврзаноста со Македонија. Ама, државата и државните органи веќе (пре)долго време го игнорираат од необјасниви причини, од веќе долгата војна на АМС со ФФМ, меѓусебното непризнавање, а сѐ може многу брзо и експресно да се заврши.

Куртулан е сличен на Аријан Адеми, не по позицијата каде игра, туку поради фактот што бескомпромисниот борец од Динамо избра да игра за Македонија поради потеклото, откако не доби шанса во Хрватска каде е роден. Хрватите и ден денеска не може да си ја простат загубата на извонредниот фудбалер за врска, кој имаше настапи и за младите селекции, а и за А-тимот на пријателски мечеви на „коцкестите“. Арда Окан со турските селекции нема ништо, сѐ е насочено кон Македонија, па затоа и не смее поради бирократија, инает и политикантство, да дозволиме да се премисли. А, треба да се очекува дека врз него Турците ќе вршат притисок да се премисли,особено во периодот кој следи

Во последниве години, Македонија изгуби многу таленти. Најголемиот Дејан Кулушевски, вреден над 40 милиони евра реши да игра за Шведска, каде што е роден, иако беше дел од младинските македонски селекции. Никола Секулов, исто така, ја избра Италија чиј младински репрезентативец е (игра во младиот тим на Јувентус). Јасир Асани беше селектиран во „златната генерација“ која прва го скрши мразот за настап на големо натпреварување (Еуро 2017 во Полска) избега за Албанија, па сега се кае. Омер Имери, исто така ја избра Албанија, иако требаше да биде еден од носителите во младата селекција…

Турците своевремено сакаа да ни го украдат Елиф Елмас, кој за разлика од Курталан е роден во Скопје, избра да игра за својата Македонија и со гордост го носи дресот. Курталан не е роден во Скопје, ама ја сака Македонија и сака да игра во црвено-жолтиот дрес.

Сега Македонија и државните органи се на потег. Македонија едноставно не смее да го испушти.

Фото: sport1.mk
Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…

За влез и излез во Македонија се…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со…

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години…

“РТС”: Северна Македонија, друштва на мртви цареви

Двајца поранешни бугарски императори и соработници на…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…