Новите амбасадори ќе “даваат отчет” во Собранието пред да ја напуштат земјата

t

Новите амбасадори на Македонија во странство денеска треба да ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика, која вчера попладне закажа седница за оваа точка.

Пред членовите на Комисијата предвидено е своите тези за дипломатските активности да ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во САД Зоран Попов, новиот амбасадор во Канада Агрон Буџаку, амбасадорот на Македонија во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

Амбасадорот во САД Попов тезите ќе ги брани зад затворени врати бидејќи материјалите по таа точка се со назнака строго доверливо и ќе бидат присутни само пратеници со безбедносни сертификати.

МНР во петокот информираше дека во рамки на заокружување на процедурата за упатување на неколку нови амбасадори на Македонија во странство, до Собранието се упатени вкупно пет барања за закажување на седница на Комисијата за надворешна политика за презентација на согледувањата на амбасадорите за односите со државите на приемот.

Конкретно, барањата се пратени со следната динамика: Агрон Буџаку во Канада, со седиште во Отава (22.03.2022), Евгенија Илиева, Република Словачка, со седиште во Братислава (07.04.2022), Методија Белевски, Кралство Белгија, со седиште во Брисел (01.07.2022), Дритон Кучи, Кралство Норвешка, со седиште во Осло (01.07.2022), Зоран Попов, САД, со седиште во Вашингтон (21.07.2022), сооопшти МНР во петокот.

МНР информира и дека за тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа за нив ќе биде пратена во скоро време, за Виктор Димовски – Франција со седиште во Париз, Агнеза Руси – Бугарија со седиште во Софија, и Јован Манасијевски – Турција, со седиште во Анкара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АИРЛИЈА! СЕ ОТВАРА МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БУГАРИЈА:…

Македонското меѓународно движење за човекови права со…

Бугари “има снемано”: До пладне во Македонија…

До пладне гласале само 15 "македонски Бугари"…

Ќе преземе ли некој нешто?! Никнува нов…

На 7 октомври во Охрид ќе се…

Егзодус на работна сила: Намален бројот на…

Бројот на работниците во индустријата во периодот…

Пендаровски на средба со албански пратеници: Односите…

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на…