Нови ветришта дуваат од Софија?! – Петков рачно го напишал планот за симнување на ветото на пат кон Киев

Пратеникот во бугарското Народно собрание, Станислав Балабанов од партијата Има таков народ која реши да излезе од бугарската влада, во емисијата „Лице в лице“ на БТВ покажа рачно напишан план за тргање на ветото и европската интеграција на Македонија.
Балабанов тврди дека станува збор за ракопис на Кирил Петков и тврди дека премиерот го „нацртал“ за време на нивното заедничко патување со воз за Киев.
Коментирајќи го наводниот план на Петков, пратеникот вели дека е безобразно што прво се планира укинување на ветото, а потоа на ред доаѓа исполнувањето на обврските на Македонија.
– Подготвен сум да седнам на детектор за лаги во врска со оваа белешка, а во Бугарија има и добри графолошки експерти кои можат да докажат дека овој ракопис е на премиерот – вели Балабанов.
Пратеникот вели дена не може да молчи за ова, особено откако пред еден месец добил ќерка.
– Поради неа не можам да молчам, не е убаво и не е морално, затоа што ќе го воспитувам ова дете … Особено кога е во прашање историјата на Бугарија. Очигледно имаме проблем што никој во историјата нема да ни го прости – вели Балабанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи…
Биле во автомобил, а соседот со пиштол…
На 09.08.2022 во 15.00 часот во Полициска…
Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана, секој…
Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им…
Се преземаат мерки за справување со мајмунските…
Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат…
Русија и Иран подготвуваат размена на борбени…
Русија и Иран наводно подготвуваат голема размена…