Нови дојави за бомби во Белград: На мета студентски домови и трговски центри

Три трговски центри, четири студентски домови, Музејот на Југославија и некои други објекти во центарот на Белград денеска добиле дојава за бомби, јави допсиникот на МИА од Белград.
Бомби денеска била пријавена во трговскиот центар Ада мол -Галерија, БИГ Раковица, како и во Бео шопинг трговскиот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи,по што сите вработени и посетители се евакуирани.
По дојавата дека во студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“ во Белград биле поставени бомби, припадниците на МВР излегле на терен и по детална проверка на антидиверзантските екипи било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни, соопштија од Министерството за образование.
Од истите причини денеска беше евакуиран и Музејот на Југославија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион се урна во река во Белград,…
Хидроавион Цесна 206, се урнал во реката…
Подобрена здравствената состојба на пациент кој се…
Десет лица повредени во ужасниот пожар во…
Пред македонската амбасада во Белград 75 минути…
Продолжија протестите и блокадите на студенти, просветни…
Во Белград префрлени уште пациенти повредени во…
Во главниот град на Србија попладнево со…
(Фото) На кулата Белград им се оддава…
На Кулата Белград во српскиот главен град…