Нови дојави за бомби во главниот град на Србија: Евакуирани се училишта, градинки..

t

На електронските адреси на пет училишта во Белград утринава пристигнале пријави за поставена бомба, a во едно училиште е потврдено дека се работи за лажна пријава, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Како што се наведува, пријави се добиени во Медицинското училиште во Звездара, 13-та белградска гимназија, гимназијата „Бараево“ и на адресите на двете основни училишта „Павле Поповиќ“ во Враниќ и „Бранислав Нушиќ“ во Вождовац дознава Данас.

Учениците од училиштето „Павле Поповиќ“ во Враниќ се вратени на настава, откако српското МВР утврдило дека се работи за лажна пријава.

Пријавата стигнала и во гимназијата „Патријарх Павле“, потврди за Данас директорот на тоа училиште Јасмин Николовски.

Тој вели дека на адресата на училиштето стигнал мејлот кој е истакнат на веб-страницата на гимназијата и дека веднаш потоа децата ги изнесле надвор и ги испратиле дома, а втората смена ќе оди на настава нормално.

Николовски вели дека во училиштето има полициски екипи и дека увидот е при крај. Од летово процедурата е променета, па сега е известена локалната полициска станица, чии членови вршат увид во училиштето.

Како што е објавено на социјалните мрежи, учениците и наставниците се евакуирани од училиштето и сите се пред училиштето.

Директорот на 13-та белградска гимназија Бојан Вучковиќ за Данас потврди дека дојавата за поставената бомба стигнала на училишниот мејл во 8:49 часот.

Вучковиќ вели дека училиштето веднаш било евакуирано и дека ја известил полицијата.

– Службеници од локалната полиција дојдоа и извршија увид во училиштето и утврдија дека пријавата е лажна. Учениците изгубија еден час и се вратија на час – вели Вучковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ги подбра властите: Неспособни сте, корумпирани…

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Разорениот земјотресот…

ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА: Автобус удри во градинка,…

Градски автобус денеска удри во градинка во…

Зеленски: Велика Британија им помага на „украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон…

СЗО испраќа стручни тимови и авиони со…

Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и…

Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за…

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина…