Објавено на:

Нови несогласувања во Брисел: Словачка ќе бара изземање од санкциите за руската нафта

t

Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

Според него, непречените испораки на нафта од Русија се од витално значење за словачката економија, бидејќи Русија и обезбедува на Словачка 100 отсто од потребите за нафта.

– Ова е клучна ставка за нас. Не сме во состојба да се прилагодиме толку брзо. Словнафт преработува тешка руска нафта, а целиот процес на замена може да потрае неколку години, па секако ќе инсистирам на исклучување на Словачка, рече Сулик.

Според Европската комисија, ЕУ од Русија добивала 40 отсто гас, 27 отсто нафта и 46 отсто јаглен.

Западни медиуми пренесуваат изјава од извори од Европската комисија, според кои е многу веројатно дека Словачка и Унгарија ќе бидат изземени, поради нивната силна зависност од руските енергенси. Според овие извори, за да ја задржи обединета 27-члената Унија, Комисијата може да им понуди на Словачка и Унгарија „изземање или долг период на транзиција“, изјави неименуван претставник на Еврокомисијата.

Се очекува Комисијата денеска да ја финализира работата на следниот, шести, пакет санкции на ЕУ против Русија поради нејзините акции во Украина, кои ќе вклучуваат забрана за купување руска нафта. Извозот на нафта е главен извор на приходите на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…

Вардар поразен од Целје: Струшкиот турнир има…

Струшкиот ракометен турнир кој летово се одржува…

Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…

Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…

Утре е Преображение Господово: Ова се народните…

Православна црква и нејзините верници утре го…

Кина забрзано купува злато: Увозот најголем во…

Кина забрзано купува злато. Кина купила повеќе…