Објавено на:

Нови провокации: Американски пратеници во посета на Тајван

t

Делегација американски пратеници денеска пристигна во Тајван, 12 дена по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која предизвика незадоволство на Кина.

Петчлената делегација ја предводи демократскиот сенатор Ед Марки од Масачусетс и престојува во Тајван во рамки на посетата на Азија, соопшти Американскиот институт во Тајван. Тие ќе се сретнат со високи претставници за да разговараат за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност, трговијата, инвестициите и за други прашања.

Тајвански медиуми прикажаа снимка од авион на американската влада како слетува на аеродромот Сонгшан во Тајпеј, главниот град на Тајван.

Кина одговори на посетата на Пелоси со спроведување воени вежби, испраќање проектили, воени бродови и воени авиони во морето и воздушниот простор околу Тајван

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…