Нови силни земјотреси вечерва на Санторини, грчкиот остров се тресел 550 пати во последните три дена

Два силни потреса, со јачина од 5,3 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, со разлика од една минута, се случиле вечерва во близина на брегот на Санторини, соопшти Геодинамичкиот институт, објавија грчките портали.
Првиот потрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 22:15 часот со епицентар на 15 километри југо-југозападно од Аркесини, Аморгос, според ревидираното решение на Геодинамичкиот институт.
Вториот земјотрес се случил само една минута подоцна и бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Во сеизмичкото „невреме“ на Кикладите во последните три дена се забележани 550 земјотреси со епицентри во морското подрачје меѓу Санторини, Аморгос и Иос посилни од три степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови силни земјотреси вечерва на Санторини, грчкиот…
Два силни потреса, со јачина од 5,3…
Тлото на Санторини не мирува, серија од…
Земјотрес со јачина од 4 степени според…
(Видео) Земјотресот уништи една од најпознатите плажи…
Серијата земјотреси што го погодија Санторини и…
Над 20 земјотреси со јачина од над…
На грчкиот остров Санторини синоќа беше најлошата…
Од утрово се регистрирани 30 земјотреси на…
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според…