Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лица

Шеесет и седум случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот се евидентирани во текот на 45. недела од 2024 година – од 4 до 10 ноември во државава, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Тоа претставува за 42,6 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Во споредба со 45. недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 42,6 проценти, додека во однос на моделот за последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 4,2 отсто.
Од новозаболените, 42 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Четиринаесет биле деца на возраст од пет до 14 години. Десет лица биле постари од 65 години, а едно лице припаѓало на возрасната група до четири години. Највисока инциденца (6,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.
Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Куманово – 20, Гостивар – 19, Тетово – 17, Кавадарци – пет, Струмица – три, Радовиш – две и едно во Неготино.
Во сезоната 2024/2025, 262 е вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот.
Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Се препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.
Во Република Македонија, вакцинирани биле вкупно 62.332 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„YouTube“ воведува нова функција: Ова ќе израдува…
„YouTube“ воведува нова функција наречена „Play Something“…
Што предвидел Нострадамус за 2025 година?
Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам,…
Масовна тепачка на дочекот на кој настапи…
За време на новогодишната ноќ, Белград беше…
,,Курск е многу силен адут во какви…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…
Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…
Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…