Објавено на:

Новото нормално: Aмбасадорот сам си го отстрани знамето на Словенија во Киев, премногу личело на руското

t

Словенечката амбасада во главниот град на Украина, Киев, привремено го спуштиле и отстраниле словенечкото знаме што се веело пред амбасадата поради сличноста со руското знаме, изјави словенечкиот дипломат.

Словенечкото и руското знаме носат исти бои по ист редослед – бела, сина и црвена, со тоа што разликата е дека словенечкото знаме го носи грбот на земјата, кој се состои од неколку симболи – ѕвезди, планини, мориња и реки.

Како што изјавил за Тв Словенија Боштјан Лејсак, член на администрацијата во амбасадата, биле посетени од претставници на украинската национална гарда, придружувани од претставници на полицијата и ги прашале дали словенечкото знаме може привремено да биде отстрането бидејќи е премногу слично на руското.

Словенија во понеделникот повторно ја отвори својата амбасада во Киев, околу еден месец откако ги евакуираше сите свои дипломати од Украина на 26 февруари по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Словенечкиот амбасадор во Украина Томаж Менчин продолжува да работи од полскиот град Жешов, кој се наоѓа во близина на украинската граница, соопшти претходно словенечкото Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема индиции дека Русија ќе употреби нуклеарно…

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска…

Се формира совет за унапредување на образованието…

Министерството за образование и наука согласно направените…

Три лица повредени во сообраќајка кај Муртино:…

Три лица се повредени во сообраќајка која…

(Видео) Големи експлозии во воздухопловна база на…

Експлозии од големи размери и детонации со…

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…