Ново пocкапување на гopивата– ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

t

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,94%, соопштија од Регулаторната Комисија за Енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,827 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 42,827 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре РКЕ ќе одлучува за нови цени…

Утре напладне Регулаторната комисија за енергетика на…

Oд полноќ горивата со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

Вучиќ: Спротивно на светските трендови, цените на…

Вучиќ: Цените на бензините и дизелот вечерва…

Алијанса за Албанците предлага итни мерки за…

Цените на горивата се тргуваат по многу високи…

Регулаторна комисија утре ќе одлучува за нови…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…