Објавено на:

НОВ ВООРУЖЕН НАПАД ВО САД:  Загинаа шест, а повредени се 36 луѓе

t

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго.

Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД.

Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот.

„Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште.

Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк.

Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ: Безбедносните агенции се соочуваат со закани…

Федералното биро за истраги и Министерството за…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…

Американска конгресменка: Бајден не треба да се…

Демократската конгресменка Каролин Малони, претседателка на Комисијата…

Се огласија од Белата куќа: Не се…

Белата куќа не се меша во ситуацијата…

“Глобал Тајмс”: Европа нема да ги жртвува…

Европа ги трпи последиците од украинската криза…