Нов Зеланд воведува санкции за Гаспром и други руски компании

Владата на Нов Зеланд објави нов пакет санкции против „Гаспром“ и други руски државни компании и производствени капацитети од наменската индустрија, се наведува во соопштението на министерката за надворешни работи Нанаја Махута објавено на владината веб-страница.
„Компаниите што се предмет на санкции се контролирани од Владата на рускиот претседател Владимир Путин и се од стратешко значење за Русија“, се наведува во соопштението во кое се појаснува дека со мерката се опфатени 38 руски и шест белоруски компании.
Шефицата на новозеландската дипломатија истакнува дека со новите ограничувања е опфатена и „Гаспром“, најголемата руска компанија и клучен извор на приходи од извоз и продажба на рускиот гас.
„Исто така, воведовме санкции за структури што произведуваат оружје и создаваат воени и одбранбени технологии како дел од рускиот воено-индустриски комплекс“, рече таа.
Досега Нов Зеланд има воведено санкции за повеќе од 650 руски граѓани, меѓу кои и претседателот Владимир Путин и членовите на руската Државна дума, како и 93 најголеми компании и организации во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вотерс: Западот прави богатство од војната, ќе…
Украинците можат да престанат да умираат утре…
(Фото) “Вагнер” јавно бараат платеници за војната…
Во рускиот град Екатеринбург се поставени неколку…
Украина: Опасноста од катастрофа во Запорожје секојдневно…
Опасноста за нуклеарната централа Запорожје, на југот…
Што ќе остане од Украина? Стремусов: Иднината…
Херсонски политичар: Иднината на Николаевската област е…
Како македонски политичари: Русија и Украина меѓусебно…
Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се…