Нов инцидент во косовското Собрание: Опозицијата ја блокира говорницата

По денешната тепачка меѓу пратениците на Самоопределување и ДПК продолжи работата на Собранието на Косово, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината ја блокираа собраниската говорница барајќи седницата да биде прекината, пренесува Коха.
Претседателот на Собранието на Косово, Гљаук Коњуфца изјави дека граѓаните на денешната седница на Собранието ќе проценат кој го започнал конфликтот.
Според него, во интерес на сите е да се надмине оваа состојба.
„Да ја продолжиме седницата онаму каде што застанавме. Дури и премиерот Аљбин Курти имаше волја да се откаже од своето обраќање. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. „Ќе одиме на избори кога сакате“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Косово е уапсен еден од најголемите…
Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…
Хил: На маса не е признавање на…
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…
Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Што се случува?! Три жени исчезнаа на…
Три жени биле пријавени за исчезнати во…
Се препукуваат рускиот и американскиот амбасадор во…
Амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар…