Нов пад на цените на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат од побарувачка во услови на заострени епидемиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.

Трговците нервозно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина.

Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги шансите за закрепнување на регионот од последиците од пандемијата, според истражувањето објавено во четвртокот.

Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфекцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија повторно ѝ врти грб на ЕУ:…

Сијарто за договорената гранична цена на руската…

Русија одговори на санкциите: “Отсега Европа ќе…

Русија го отфрли воведувањето на западното ограничување…

Зеленски не е задоволен од максималната цена…

Европската унија, Г-7 и Австралија се договорија…

Ако Европа “не ја сака” има кој…

Азиските земји сега сочинуваат две третини од…

Се стабилизираат цените на нафтата на светските…

Цените на нафтата денеска се стабилизираа над…