Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар утрово

Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала бил на 39 километри од Мандалеј на длабочина од десет километри.
Мјанмар завчера околу пладне беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, проследен со бројни последователни потреси, меѓу кои и еден со јачина од 6,4 степени.
Според податоците објавени од воената хунта во Мјанмар, вкупниот број на жртви од земјотресот изнесува 1.644, повредени се 3.408, а 30 лица се водат како исчезнати.
Најмалку 18 лица загинаа во соседен Тајланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) После пет дена изваден жив човек…
Одделот за пожарникарски служби на Мјанмар сподели…
Нов земјотрес го погоди Мјанмар со јачина…
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…
Чудо во Мјанмар: Извлечен маж од урнатините…
Еден човек е спасен од под урнатините…
Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар утрово
Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран…
Нов силен земјотрес и денеска го погоди…
Нов земјотрес со јачина од 5,1 степен…