Нов силен земјотрес на грчкиот остров Крит

t

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Нема извештаи за евентуална штета. Според грчките медиуми, земјотресот траел неколку секунди и бил интензивен.


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, пренесува Ројтерс.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 80 километри, додека грчкиот геодинамички институт соопшти дека е на длабочина од 42 километри.

Се чувствувал и во некои делови на Египет. Земјотрес со јачина од 3,4 степени претходно беше почувствуван околу полноќ во областите во близина на Солун, пишува „Катимерини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија, Грција и Албанија конечно ќе се…

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја…

Жално но вистинито: ОН немале капацитет да…

ОН немаат доволно капацитет да бараат и…

Нема повеќе руски гас за Грција

Јужниот сосед веќе нема да добива руски…

Важна вест за сите кои ќе летуваат…

Во грчките води, во Егејското и Јонското…

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат,…

Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па…