Нов силен земјотрес на грчкиот остров Крит

t

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Нема извештаи за евентуална штета. Според грчките медиуми, земјотресот траел неколку секунди и бил интензивен.


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, пренесува Ројтерс.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 80 километри, додека грчкиот геодинамички институт соопшти дека е на длабочина од 42 километри.

Се чувствувал и во некои делови на Египет. Земјотрес со јачина од 3,4 степени претходно беше почувствуван околу полноќ во областите во близина на Солун, пишува „Катимерини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес во Иран, најмалку три лица…

Најмалку три лица загинаа рано утринава во…

Нов случај на мајмунски сипаници во Грција:…

Во Грција е регистриран првиот случај на…

Важна вест ако патувате во Грција: На…

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос…

Русија протерува осум грчки дипломати

– Руското Министерство за надворешни работи денеска…

ЕУ не ги храни? Третина од Грците…

Секоја недела кафето во Грција има повисоки…