Нов скандал на повидок?! – Осудените за „Диво насеље“ бараат групна екстрадиција во Косово

t

„Кумановската група“ односно осудените за настаните од „Диво насеље“ бараат да бидат екстрадирани на Косово, но не одделно. Како што пишуваа косовските медиуми, еден од нив нема косовско државјанство, што ја оневозможува екстрадицијата на Косово, бидејќи законите тоа не го дозволуваат.

Осудените, вкупно 29, од кои седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни, во најголем дел се во затворот „Идризово“. Дел од нив до сега повеќе пати бараа казната да ја служат во косовските затвори.

Од осудените, 17 имаат косовско државјанство, додека еден не може да добие државјанство иако барал. Затворениците во писмо до косовските институции велат дека на Енвер Хоџа, познат како Клејн, му е одбиено државјанството од Република Косово, но тоа му е соопштено усно, за што очекуваат повеќе информации.

„Ние, соборците на Енвер Хоџа Клајн, инсистираме на адекватен одговор во врска со одбивањето на косовското државјанство на Енвер. Енвер е воен инвалид на Ослободителната војска, односно борец на 138 бригада Агим Рамадани. Енвер бил тешко ранет во битката кај Кошаре. Енвер ги остави сите добри работи што ги имаше во Германија и премина во редовите на Ослободителната војска на Косово“, пишуваат во писмото осудените од Кумановската група упатено до Претседателот, Владата, Министерството за внатрешни работи и МНР на Косово.

Косовските медиуми го цитираат адвокатот Антон Ндрецај, кој објаснува зошто треба да се отфрли ова барање.

-За да се добие косовско државјанство потребни се докази, на пример од земјата на потекло ако постои преседан, отворено досие или ако лицето не е барано од Интерпол или Европол. Кумановската група има правосилна пресуда и секако оние кои имаат криминално досие не можат да бидат државјани на Косово се’ додека не ги исполнуваат законските критериуми“, изјави Ндрецај.

Членовите на Кумановската група, кои 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, судот ги осуди на вкупно 746 години затвор. Обвинети се за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паметниот споменик на Прличев вандализирани за нецели…

Нецели 48 часа од поставувањето на паметниот…

Ќучук: Патот на Македонија кон ЕУ ќе…

Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде…

Француски адмирал: „Против кинеската морнарица, ќе победиме…

Началникот на генералштабот на француската морнарица во…

Меѓу странците во Велика Британија најчесто се…

Едно од седум деца родени во Велика…

Приведени две лица за изнуда на 20.000…

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка…