Нов скандал околу пописот: Во Струга има 14 илјади Македонци, а на 22 илјади граѓани мајчин јазик им е македонскиот – резултатите се пресликуваат на ниво на цела МАКЕДОНИЈА!

Не стивнуваат скандалите околку резултатот од пописот кој Државната комисија за статистика го спроведе минатата година.
Откако беа комплетно промашени податоците за атеистите и преку ноќ од 300-тини пораснаа на 8 илјади атеисти и имаше 8 илјади повеќе деца на школска возраст од оние кои се запишани во прво одделение, големи несогласувања во бројките се детектирани во Струга.
Имено Струга е град кој по новата територијална распределба во 2004 година гореше бидејќи вештачки во општината се зголеми бројот на Албанци преку додавање на големи населени места со Албанци во границите на општината. Од тогаш до денес Струга има за градоначални Албанец, а албанското знаме се вее во двојазичната општина.
Нелогично е како е можно според пописот во Струга да има само 14 илјади Македонци, а на над 20 илјади граѓани, мајчин јазик да им е македонскиот. Ова отвора сомнеж за сериозна манипулација при попишувањето на населението во Струга.
Според пописните резултати во Струга живеат 14.900 Македонци и 25.785 Албанци.
Но според истите статистички резултати на Статистика, на 22.090 стружани мајчин јазик им е македонскиот, а на 23.898 мајчин јазик им е албанскиот.
Но тоа не е се истите пописни нелогичности се повторуваат и на ниво на цела држава имајќи во предвид дека милион граѓани се декларирале како Македонци, а за над 1.1 милиони граѓани мајчиниот јазик е македонскиот.
Мајчин јазик е првиот јазик којшто човекот го учи од неговото раѓање. Овој термин исто така се користи за јазик кој некоја личност најдобро го говори. Токму мајчиниот јазик, односно јазикот на кој говори една група на луѓе е дел од дефиницијата за етничка припадност.
Етничка група или етничка припадност е група на луѓе кои се идентификуваат едни со други врз основа на споделени атрибути кои ги разликуваат од другите групи. Тие атрибути може да вклучуваат заеднички збирки на традиции, потекло, јазик, историја, општество, култура, нација, религија или социјален третман во рамките на нивната област на живеење.
Дополнително проблематично е што сите други етнички заедници вкупно не се 8 илјади за да можеме да констатираме дека некои од нив кажале дека мајчин јазик им е македонскиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Обид за провокација и предизвикување на…
Обид за провокација во Бутел за време…
Тројца луѓе вечерва загинаа во страотен судир…
Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа…
Комеморација во Брисел за жртвите од пожарот…
Вечерва во Брисел се одржа комеморација за…
Калајџиев: Пет причини зошто не сум оптимист…
Јас не сум толку оптимиста за досегашните…
(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…
И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…