Објавено на:

Нов случај на врсничко насилство во Белград: Го удирале и плукале ученикот од Кина, наредниот ден тој донел нож

t

Нов случај на врсничко насилство се случи во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград. Еден од родителите на учениците од тоа училиште за „Блиц“ тврди дека две момчиња претепале момче од кинеска националност во соблекувалната за време на физичко образование, а тој следниот ден донел нож во училиште.

Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останало во соблекувалната и играло на телефон.

Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другото го тепало. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата.

Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците. Но, тоа не бил единствен случај детето да биде малтретирано.

Директорката на таа институција, Сузана Липиќ, вели дека истрагата е во тек, и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“, пренесуваат медиумите во соседството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павел Христов – тивок херој кој четирипати…

Павел Христов, роден во 2004 година, е…

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде…

Апасиев поднел барање за утврдување одговорност за…

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев…

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…