Објавено на:

Нов случај на мајмунски сипаници во Грција: Досега има вкупно седум заразени

t

Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно седмичниот извештај, заклучно со вчера, во земјата се потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени.

– Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба, соопштија од ЕОДИ.

Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес на југот од Грција

Силен земјотрес со јачина од 5.2 степени…

Македонските туристи добиваат “изненадувања” во Грција: Најчесто…

Голем број на автомобили со македонски регистарски…

Добра вест за туристите: Грција нема да…

Сметаме дека во моментов бранот е во…

По 18 дена Мартин никаде го нема:…

Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од…

Нова трагедија во Грција: Загина 21 годишно…

Дваесетиедногодишен англиски турист, кој за време на…