Нов удар: САД воведе нов пакет санкции за Русија – се цели и на Вселената!

САД воведоа нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Како што соопштија од Белата куќа, санкциите се насочени кон операторите во технолошкиот сектор, како и кон обид на Вашингтон да ја спречи Москва да избегне досегашните санкции, објави „Ројтерс“.
Американското Министерство за финансии објави дека вовело санкции за 21 компанија и 13 лица, меѓу кои и најголемиот руски производител на чипови, извозникот „Микрон“.
Санкциите ќе го опфатат рускиот вселенски, поморски и електронски сектор.
Од министерството додаваат дека цел на последниот потег ќе бидат и „злонамерните сајбер напади“.
Ќе продолжиме да ја гаѓаме воената машина на Путин со санкции од сите агли, се додека не заврши оваа бесмислена војна – порача министерката, Џенет Јелен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина кон земјите од Г7: Гледајте си…
Пекинг го отфрли барањето на Г7 да…
Официјално: Русија денеска го прекина снабдувањето со…
Рускиот извоз на електрична енергија во Финска…
Русија дозволи евакуација на ранети од Азовстал:…
Руската армија воведе прекин на огнот во…
Лукашенко: Веќе се формирани единици од илјадници…
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека…
Шаленберг: Знаеме дека Русија има голем потенцијал…
Неопходно е ЕУ да помине од зборови…