Нов ценовен шоk: Пораст на цената на мeтaнот од неверојатни 120%

t

Пазарната Цена на ЦНГ (CNG – Compressed Natural Gas) МЕТАН од денес 03.01.2022 година во Република Македонија порасна на ниво од 110 мкд кг/цнг и тоа порасна за неверојатни 120% во однос на последната промена од 28.12.2021 кога истата изнесуваше 50 мкд кг/цнг. (Доколку се земе во предвид просечната цена на ЦНГ Метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг добиена како просек од 3-те ценовни промени во 12.2021 (30.11 44мкд кг/цнг, 07.12 46,5 мкд кг/цнг, 28.12 50 мкд кг/цнг), тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%!!!)

Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол. Со други зборови Макпетрол АД Скопје е Монопол на македонскиот пазар од аспект на понуда на ЦНГ Метан, но и од аспект на формирање на ценовна политика.

ЦНГ Метан е единствениот енергенс/погонско гориво чија што цена не е регулирана од Регулаторна Комисија за Енергетика на Република Северна Македонија (РКЕ).

Зошто РКЕ не ја регулира цената на ова погонско гориво и зошто Владата на Република Северна Македонија дозволува слободно пазарно формирање на цена на одреден енергенс во услови кога една компанија може преку ноќ да направи драстична ценовна промена или со други зборови да прави што сака со цената на овој енергенс?

Логиката за основање и постоење на РКЕ (нејзини основни начела за работење) се: воведување и заштита на конкурентен пазар на енергија врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминираност, заштита на потрошувачите (од монополско делување и драстични ценовни шокови), сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, заштита на животната средина и природата.

Се поставува прашањето зошто до сега е дозволено овој енергенс да се продава на македонскиот пазар со слободно формирање на цената од страна на единствениот снабдувач Макпетрол АД Скопје и зошто Владата на Република Македонија дозволува ваква состојба на делување и шокантно ценовно нарушување без заштита на компаниите кои користат метан како погонско гориво?

Дополнително со ваквата ценовна политика се врши целосна дестимулација да се користи во иднина Метанот како енергенс / погонско гориво во нашата земја, што е тотално нелогично од аспект на заштита на животната средина кај нас во услови на висока загаденост, а истото гориво со истата намена и цел масовно се користи во Европска Унија и е развиена целосна политика од ЕУ за стимулација на негово користење како зелено гориво, имајќи ја предвид еколошката карактеристика на ова гориво кое се смета за зелена енергија и е со речиси нулта емисија на штетни гасови, при што по струјата како погонска енергија се смета за гориво кое најмалку загадува и кое е гориво на иднината.
За споредба за разлика од цената на метан во Република Северна Македонија која што денес во компанијата Макпетрол АД Скопје изнесува 110 мкд цнг/кг, а во компанијата Окта АД Скопје (која се снабдува со количини метан од Макпетрол) изнесува 112 мкд цнг/кг, во околните земји како и во Земји на ЕУ денешната цена на ЦНГ метан изнесува:

Согласно наведените цени од останатите земји, во Република Северна Македонија се плаќа моментално најскап килограм ЦНГ Метан.

Согласно сето горе наведено:
•РКЕ треба итно да го вклучи овој енергенс како дел од енергенсите предмет на нејзино регулирање
•Владата на Република Северна Македонија да застане во заштита на компаниите кои го користат метанот како погонско гориво и тоа од аспект на замрзнување на цената на метанот на нивото од 12.2021 година или од аспект на субвенционирање на компаниите во делот на ценовната разлика – 12.2021 година vs 01.2022 година

Неофицијално станува збор за 50тина компании од транспортната дејност директно погодени од овој ценовен шок од кои 10тина компании се со поголеми флоти на возила на погонско гориво ЦНГ (CNG) метан вклучително и голем дел од Флотата на ЈСП Скопје (последно набавените автобуси), при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје, а со тоа и џебот на граѓаните на Град Скопје и нивното задоволство како жители.

Со ова се доведува во прашање економското делување на ваквите компании, како и економската исплатливост на нивното постоење, а воедно се загрозува настојувањето на овие компании за еколошко делување и нивната посветеност за општествена одговорност изразена преку заштита на животната средина со оглед дека истите немаат никаква заштита од државата која со дозволувањето на вакви ценовни шокови покажува целосна незаинтересираност за заштита на животната средина во нашата земја, при што паѓаат во вода нејзините плокрамирани заложби за зелена иднина!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добри вести: Се намалува цената на дизелот…

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Нагло порасна цената на житото!

Цената на житото на светските берзи се…

Цената на нафтата падна под 100 долари…

Цените на нафтата благо пораснаа во средата…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата паднаа на 99 долари…

Порасна цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата денеска се искачија на…