Објавено на:

Нож во грб за Србија: Москва се повикува на пресудата на МСП за Косово за да докаже дека референдумите се легални!

t

Србија очекува Русија да ги заштити српските интереси на Косово, а официјална Москва се повикува на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2010 година за Косово за да докаже дека референдумите во украинските региони за приклучување кон Руската Федерација се во согласност со меѓународното право.

Како што наведоа, на овој начин се потврдило дека „едностраното прогласување независност на дел од државата не прекршува ниту една норма на меѓународното право“.

Од 23 до 27 септември 2022 година во Доњецката и Луганската народна република, Херсон и Запорожје се одржаа референдуми за пристапување кон Руската Федерација.

Резултатите од референдумот и излезноста беа објавени, а се наведува и дека огромното мнозинство гласачи поддржале соединување со Русија и дека жителите на Донбас, како и на регионите Херсон и Запорожје „направиле свесен и слободен избор во корист на Русија“.

„И покрај провокациите на режимот во Киев, кој криминално нареди масовно гранатирање на области каде се собираат цивили и цивилни објекти, луѓето не се плашеа да излезат на гласање и да ја изразат својата волја. За тоа говорат резултатите од плебисцитот“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека референдумите се одржани во целосна согласност со стандардите и принципите на меѓународното право, а потоа се повика на случајот „Косово“.

„Народот на Донбас и јужна Украина го искористи своето легитимно право на самоопределување во согласност со Повелбата на ОН, меѓународните договори за човекови права од 1966 година, завршниот акт на ОБСЕ во Хелсинки од 1975 година и пресудата на Меѓународниот суд на ОН за Косово на 22 јули 2010 година. Потврдено е дека едностраното прогласување независност на дел од државата не прекршува ниту една норма на меѓународното право“, се наведува во соопштението.

Во него се вели и дека текот на референдумот го признале меѓународни набљудувачи од Италија, Германија, Венецуела, Летонија и други земји (вкупно 133 лица) и дека ги признале како легитимни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски: Годинава Русија ќе изгуби сто…

Ситуацијата на фронтот е тешка. И покрај…

Медведев: НАТО треба да се покае пред…

НАТО не му е потребен на цивилизираниот…

Русија забрани увоз на јаболка од Македонија

„Росселхознадзор“ од 1 декември воведува привремени ограничувања…

Вучиќ му посака среќен пат: Курти може…

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот…

Русија забрани извоз на хеликоптери и беспилотни…

Русија го забрани извозот на беспилотни летала…