Објавено на:

Норвешка од денеска во друштво на Македонија, на листата непријатели на Русија

t

Владата на Руската Федерација денеска ја додаде Норвешка на листата на земји кои вршат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва.

Со оваа одлука на Норвешка и е ограничено правото да може само 27 лица да вработува во своите дипломатски претставништва на територијата на Русија, се наведува во соопштението на руската Влада.

Во мај 2021 година беа воведени ограничувања за дипломатските претставништва на САД и Чешка, а во јули 2022 година за дипломатските претставништва на Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

Списокот одобрен од владата не е конечен и имајќи ги предвид тековните непријателски дејствија на странски држави насочени против руските мисии во странство, тој може да биде проширен, се додава во соопштението на руската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Терористички напад вечерва и во Норвешка: Влегол…

Три лица се избодени со нож денеска…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…