Објавено на:

Нуклеарната централа “Запорожје” е “екстремно ранлива”

t

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешна резервна енергија, поради што е „екстремно ранлива“, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други суштински нуклеарни безбедносни функции, соопшти МААЕ.

Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи.

„Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна“, рече Гроси.

„Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија.

Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ не ги признава руските избори во…

Европската Унија остро го осудува одржувањето на…

Првата руска линија кај Запорожје е пробиена,…

Украинските сили ја пробија првата и најсилна…

Зеленски ги посети војниците во Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот…

Се водат жестоки борби, Украина започна голема…

Службеници назначени од Русија и руски воени…

Русите тврдат дека украинска касетна бомба убила…

Воен дописник на руската новинска агенција РИА…