Објавено на:

Нуров обезбеди прв медал за Македонија на Медитеранските игри

t

Борачот во слободен стил во категоријата до 97 килограми, Магомедгаџи Нуров, го обезбеди првиот медал за македонските спортисти на Медитеранските игри, откако вечерва обезбеди пласман во финалето со победа над Мостафа Елдерс од Египет.

Нуров избори место во утрешното финале со убедлива победа од 6:1 на поени против неговиот египетски противник.

Претходно на Медитеранските игри, чиј домаќин е алжирскиот град Оран, македонскиот борач Нуров обезбеди три победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.

Нуров е натурализиран македонски борач родум од руската република Дагестан во Северен Кавказ. Тој е етнички Авар, најголемата етничка заедница во мултиетничкиот Дагестан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…