Обвинителството за гонење организиран криминал го истражува поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Обвинителството за гонење организиран криминал во предистражна фаза води предмет за поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, поврзан со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан. Обвинителството ги истражува постапките на Стафа, иако тој тврдеше дека главните прекршоци зошто државата не успеа да си ги врати нелегално стекнатите пари од случајот „Труст“ биле двајцата обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
„Работата е во предистражна постапка и додека трае процесот не можеме да споделиме конкретни информации“, наведуваа од Обвинителството за организиран криминал.
Стафа во својство на државен правобранител, во минатото поднесе кривична пријава против Ајро и Бубевски со тврдење дека постапиле спротивно на Законот за кривична постапка во случајот на Сеад Кочан, односно предложиле конфискација на имот кој е под привремена мерка. Јавното обвинителство не презело чекори бидејќи одлуката да се стави како гаранција имотот што беше под привремена мерка беше на судот, органите на прогонот во судската постапка не го уживаат правото на пресуда.
Поради ова и тврдењата на Стафа, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка, а Стафа неофицијално е разрешен од функцијата државен правобранител токму за да не влијае на истрагите и доказите на обвинителството. Неофицијални извори велат дека во наредните денови Антикорупциската комисија ќе поднесе кривична пријава за хонорарите што државното правобранителство ѝ ги исплаќало на Бесмира Ејупи, а истрагата против него може да допре и до доменот на Финансиската полиција.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈОГОКК за…
Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ОЈОГОКК: Откриени уште четири лица дел од…
Во рамките на континуираните активности што започнаа…
Обвинителство: До овој момент не се пронајдени…
По наводите во медиумите дека обвинителеството како…
ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…