Обвинителството ја запре истрагата за девојката од Велес, силувана од поранешното момче – Немало докази

t

Девојката од Велес која на 2 август 2020 година била натепана, давена, силувана и повторно натепана со клоци и боксови од поранешното момче, нејзин сограѓанин, е во шок откако вчера Јавното обвинителство на Велес донело одлука дека истрагата за овој случај ја запира.

Нема обвинение за пријавениот ни за нанесување телесни повреди, обвинителството ја упатило девојката ако сака и ако смета, сторителот да го гони со приватна тужба што би ја поднела до обвинителството.


„Донесена е наредба за запирање на истражната постапка за случајот за кој прашувате, бидејќи нема докази дека сторителот го извршил кривичното дело ‘силување’. Подносителката на кривичната пријава има право во рок од 8 дена од добивањето на наредбата со која се запира истрагата, да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое би одлучило по евентуалниот поднесен приговор. Во тој случај до Вишото обвинителство ќе биде испратен целиот предмет, со сите списи и собрани докази во текот на периодот за кој се водеше истрагата.“, вели за САКАМДАКАЖАМ Основното јавно обвинителство – Велес.

На прашање зошто не се гони за насилничкото однесување и ќотекот што ѝ го удрил пријавениот на девојката, од ОЈО Велес ни рекоа дека таа има право да поднесе приватна тужба до обвинителството, за нанесување телесни повреди.

Овој случај не е познат само по тоа што жртвата по силувањето и тепањето излезе јавно да зборува за тоа што го претрпела, со модриците и раните што ги имаше на себе, барајќи брзо да реагира обвинителството (што не се случи). Ќе остане запаметен во кривичната пракса и по тоа што летоска надлежната обвинителка направила реконструкција на силувањето, во присуство на жртвата и на сторителот.

Чекајќи правда, вели нејзината мајка, девојката за овој период од година ипол, се разболела. Речиси никаде не излегува од моментот кога се случил настанот и е за првпат во животот под терапија и лекарски третмани. Од вчера, кога настапил дополнителниот шок по одлуката на велешкото обвинителство, мајката зела слободни денови од работа, за да ја чува дома 26-годишната ќерка.

Девојката чекаше правда, исто како и пријавениот, нејзино поранешно момче. Кај неа се заздравени модринките од тепањето, но од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми и болка.

ОБВИНИТЕЛКА ЈА ИЗЛОЖИЛА НА ТРАУМИ ЖРТВАТА, НАПРАВИЛА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИЛУВАЊЕ ВО КОЛА, ВО ПРИСУСТВО НА НЕА И НАСИЛНИКОТ
Пред Вишото скопско обвинителство сега ќе има два поднесока во врска со овој случај. Претходно Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе пријава против обвинителката која наредила и направила реконструкција на силувањето во присуство на жртвата и на сторителот, изложувајќи ја неа на повторна виктимизација.

Велешкото обвинителство пред околу еден месец кажа дека се работи за многу тежок случај, каде мора да се обезбедат докази и тие убаво да се преиспитаат, со оглед на тоа дека за настанот има две дијаметрално спротивни верзии.

Пишува: С. К. ДЕЛЕВСКА за СДК мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Исчезнатото дете во Буково го нашле среде…

Веста дека во средата во 11.40 часот…

Oсмани: Забрзано се работи на нов француски…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Бугарското МНР го разобличи Османи: Протоколот бил…

Бугарското министерство за надворешни работи уште еднаш…

(Видео) Бугарски пратеник: Ја влечеме Македонија во…

Со денешната одлука на Народното собрание, кое…