Обдуцентите не можеле да ја утврдат причината за смртта, ќе се прави реобдукција на телото од Ново Село

t

Струмичкото обвинителство издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено на 7 овој месец во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, бидејќи обдуцентите и по неколку денови не можеле да се произнесат за причините заради кои настапила смртта, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Во информацијата стои дека резултатите од реобдукцијата се уште не се пристигнати во Обвинителството, а при увидот кај починатиот биле констатирани повеќе повреди кои првично упатуваат на насилна смрт.

– Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Струмица, со цел утврдување на фактите во случајот, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица поднесе повеќе барања за издавање наредби за претреси во домови и други простории на лица со кои починатиот остварувал последни контакти. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор од еден угостителски објект, како и наредба за вештачење на мобилни телефони.

Од мобилните оператори побарани се податоци за остварена телефонска комуникација, а издадена е и наредба за вештачење на повеќе предмети пронајдени во близина на телото на починатиот. Целиот терен, по наредба на јавен обвинител, циклично се пребаруваше два пати за да се пронајдат и други траги и предмети. По целосно расчистување на случајот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, стои во денешната информација од ЈО.

МВР на 8-ми овој месец информираше дека вечерта на 7 јуни во 19:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека било пронајдено починато машко лице на возраст од 25 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – 27 годишно момче…

На 26.08.2023 околу 13,30 часот во СВР…

Хорор во Грција: Пронајдено тело на маж,…

Мумифицирано тело денеска е пронајдено во Патра,…

Тажна вест: Пронајдено телото на 29-годишното момче…

Денеска е пронајдено безживотното тело на 29-годишното…

Тело на непозната жена извадено од Вардар

Вчера околу пладне, тело на жена било…

Обдукција ќе утврдува како починала 83-годишната жена…

Телото на 83-годишната старица која вчера попладне…