Обединетите нации изразија “длабока загриженост” за насилството помеѓу Израел и Палестинците

Обединетите нации изразија „длабока загриженост” поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестинците откако денеска повторно избија судири во областа на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
– Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на насилството на окупираните палестински територии и Израел во текот на овој месец, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, пренесува БГНЕС.
Изјавата доаѓа откако израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека Хамас е одговорен за растечките тензии во Израел и палестинските територии.
Тензиите на палестинските територии се високи од почетокот на април поради повторените израелски кампањи за апсења на Западниот Брег.
Десетици Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили минатиот петок во комплексот на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим.
Превод: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД изразија загриженост за ситуацијата со масовните…
Белата куќа, преку својот портпарол, Џон Кирби,…
Нетанјаху се откажа, Израелците не: Продолжуваат масовните…
Една од главните лидерки на движењето за…
Народот победи! Нетанјаху го одложува спорниот закон…
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху и министерот за…
Шокнатна изјава на разрешениот министер за одбрана:…
Разрешениот министер за одбрана на Израел, Јоав…
Вака прави НАРОД: Над 600.000 демонстранти на…
Над 600.000 демонстранти маршираат против најавената судска…