Објавено на:

Обид за атентат врз Бајден: Уaпсен вооружен маж кој планирал упад во Белата Куќа

t

Вооружен маж е приведен на пат кон Белата куќа, каде планирал да убие неколку луѓе на високи позиции, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, објави Лос Анџелес Тајмс.

Меѓу другите „мети“ беа и главниот советник за здравство во Белата куќа, Ентони Фаучи, поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон како и Марк Цукерберг.

Судските документи покажуваат дека Куачуа Брилион Зионг (25) го започнал патувањето од Сакраменто, Калифорнија, а полицијата го запрела на 21 декември поради агресивно возење. За време на разговорите со полицијата, тој признал дека се упатувал кон Вашингтон за да се бори против злите демони во Белата куќа.

Тој рече дека работел во самопослуга додека Господ не го повикал и се пожалил на работата на агенциите за спроведување на законот за наводно злоставување деца за време на мандатот на Џо Бајден.

Полицијата во автомобилот на уапсениот пронашла автоматско оружје „АР-15“, муниција, панцири, патрони и прибор за прва помош.

Според судските документи, Зионг тврдел дека тој е единствениот човек кој може да ги ослободи САД од злото и дека е неопходно да се убијат оние што се на власт.

Тој рече дека ќе направи се што е потребно за да ја заврши својата мисија и ќе се упати во Белата куќа веднаш штом ќе биде ослободен од притвор.

Сионг е обвинет за заканување.

Инцидентот не е прв планиран напад врз Бајден. Во мај, полицијата го уапси Џон Торнтон (39) од Ново Мексико, кој се закани дека ќе оди во Вашингтон за да ги убие демократите, работниците во компјутерската компанија и некои членови на неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите со остра реакција до САД поради…

Кинеското Министерство за надворешни работи изрази силно…

Крај на драмата: САД соопштија дека го…

САД соопштија дека е соборен кинескиот воздушен…

Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот шпионски…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден,…

(Видео) Драми над небото во САД: Воените…

Американските воени претставници изјавија дека сомнителен „шпионски…

(Фото) Протести во Приштина: Албанците им порачуваат…

Во американската амбасада во Приштина во моментов…