Облачно со дожд, на планините снег – утре пообилни врнежи

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Експлозии, сирени и борбени авиони во…
Експлозии, сирени и борбени авиони во Техеран.…
(Видео) НОВА ВОЈНА?! Кој го напаѓа Иран,…
Во моментов се слушаат голем број воени…
Честитки – Се одржа првиот конгрес на…
Почитувани, подржувачи, симпатизери и членови на ДЕСНА.…
(Видео) Голема експлозија во Иран, дел од…
Силна експлозија се слушнала во воена фабрика…
(Видео) Адмирал на НАТО: Подготвени сме за…
НАТО разбира дека амбициите на Русија ги…