Објавено на:

Објавено видео од Кадиров: Светот во недоумица – дали е во кома или не?

t

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров е виден во јавноста по гласините дека е болен и во кома!

На краткото видео се гледа како Кадиров шета и разговара со своите синови и со другите членови на семејството.

Видеото на својот Инстаграм профил го објави помошникот на чеченскиот лидер Умар Даудов.

– Прошетката беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги среќните моменти, пријатели, најдете време и посветете повеќе внимание на семејството. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив – ги цитира Даудов зборовите на Кадиров.

Засега не се знае кога е направена снимката.

Украинските и странските медиуми вчера објавија дека Кадиров е тешко болен и наводно е во кома. Портпаролот на Министерството за одбрана Андриј Јусов изјави дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава во последните денови значително се влошила и дека тоа е последица на тешко заболување.

– Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Долго време е болен, зборуваме за системски здравствени проблеми – рече Јусов.

Кадиров и неговите соработници досега постојано ги негираа ваквите наводи.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска со честитки за припадниците на исламската…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им…

Кадиров му одговори на Маск: Не си…

Чеченскиот лидер Кадиров му одговори на Илон…