Оваа влада е администрирана од СДСМ, а водена од ДУИ

t

Оваа влада е администрирана од СДСМ, а водена од ДУИ, изјави за емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека сите клучни прашања се оставени да ги води ДУИ која има само 15 пратеници.

Мицкоски истакна дека владата е водена од ДУИ се гледа по тоа начинот на кој функционира и по распределбата моќ.


– Ова де факто е влада на ДУИ, според тоа како е моќта распределена и начинот на кој функционира, се гледа дека ја водат луѓето од ДУИ и лицемерно ќе биде ако се каже дека е поинаку. Имаме економска и енергетска криза. Во јавноста за овие две прашања ги гледаме Крешник Бектеши Фатмир Бесими, едниот задолжен за буџет, другиот економија и тие излегуваат за позициите на владата за овие две суштински прашања, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека уште една работа дека ова е влада со која раководи ДУИ се гледа и по едно од најважните прашања за Македонија, а тоа е проблемот со Бугарија и македонските аспирации во ЕУ.

– За проблемот со Бугарија и се уште не започнатиот евроинтегративниот процес, нашите позиции ги рефлектираат Али Ахмети, понекогаш Артан Груби и најчесто Бујар Османи, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето дека ДУИ не прифаќа предвремени парламентарни избори Мицкоски истакна дека ДУИ има 15 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 44.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинец од Харков уапсен во хотел во…

На 05.07.2022 година во 01 часот во…

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Средба на Пендаровски со претседателот на Европскиот…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред…

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ - ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА…