Ова е поинаква Русија, Србија треба да го разбере тоа и да воведе санкции

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, изјави дека денешна Русија е „поинаква“ од онаа во минатото, дека Европејците и Американците го разбираат тоа и оти се надева дека Србија ќе го разбере тоа и ќе воведе санкции против Москва поради инвазијата врз Украина.
Хил синоќа во програмата „Интервју“ на телевизијата „Инсајдер“ го отфрли тврдењето дека Србија е под „огромен притисок“ затоа што не вовела санкции кон Русија и додаде дека дел од нејзиниот пат кон ЕУ е и усогласувањето на надворешната политика.
Не верувам дека има огромен притисок врз Србија. На Србија неколкупати учтиво и беше кажано дека треба да воведе санкции, некои беа построги од другите, но постои разбирање дека Србија е во единствена ситуација, додаде Хил.
На прашањето зошто не е доволно што Владата на Србија јасно ја осуди руската агресија врз Украина и ги потпиша речиси сите резолуции на ОН и ЕУ кои се однесуваат на неа, Хил рече дека тоа е точно, но дека Белград добил репутација дека „се обидува да седне на две столчиња“ – да биде близок и со Русија и со Европа.
Зборувајќи за тоа дека Србија е речиси целосно зависна од Русија кога е во прашање снабдувањето со гас, Хил рече дека треба да се направат напори да се најдат други извори на енергенси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бенет: Западот ги прекина преговорите меѓу Русија…
Преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина…
Захарова: Кој ќе ни суди за воени…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Османи: Опасно е да имаш сосед како…
Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека „опасно…
Украинците ветуваат: Нема да ја напаѓаат Русија…
Украина нема да користи оружје со голем…
Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…
Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…