Ова е осомничениот убиец на Денис Тот: Бил осуден за производство на дрога за силување

Ангело Ѓоргиевски, првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина како последица на повредите е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, дознава 24 Инфо.
Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Ѓоргиевски со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.
Тогаш мариборските криминлисти влегле во трага на бандата дилери на дрога, меѓу кои и нашинецот. Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.
По него е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава. Но ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил земјава.
Од Кривичниот суд Скопје денеска потврдија дека е одредена мерка притвор за уапсените А.К. (22) и К.Л. (19) кои се снимени од камерите како заедно со Ѓогиевски го напаѓаат Тот кој не пружал никаков отпор.
Извор: 24 Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Барселона: Се судрија два воза,…
Едно лице загина, а 85 се повредени…
Села: Мислам дека ќе имаме избори во…
Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на…
ЕУ одобрува дополнителни 500 милиони евра за…
Министрите за надворешни работи на ЕУ се…
(Фото) Украинско Арачиново: Повредените војници од Азовстал…
Автобуси со заробени милитанти од полкот „Азов“…
Секој со своја желба: Села бара осум…
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села…