Ова е осомничениот убиец на Денис Тот: Бил осуден за производство на дрога за силување

t

Ангело Ѓоргиевски, првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина како последица на повредите е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, дознава 24 Инфо.

Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Ѓоргиевски со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.

Тогаш мариборските криминлисти влегле во трага на бандата дилери на дрога, меѓу кои и нашинецот. Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.

По него е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава. Но ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил земјава.

Од Кривичниот суд Скопје денеска потврдија дека е одредена мерка притвор за уапсените А.К. (22) и К.Л. (19) кои се снимени од камерите како заедно со Ѓогиевски го напаѓаат Тот кој не пружал никаков отпор.

Извор: 24 Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбележување на Меѓународниот ден на младите

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“,…

Нови 619 случаи на коронавирусот, преку Мој…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Хорор во Василево: Уапсено едно лице осомничен…

Полицијата вчера го лишила од слобода С.И.…

Давидовиќ за рамковните: Ова што се прави…

Поради многу фактори, особено заради градење општество…

Пак си „играме“ со мечката: Во Битола…

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти…