Ова е осомничениот убиец на Денис Тот: Бил осуден за производство на дрога за силување

Ангело Ѓоргиевски, првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина како последица на повредите е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, дознава 24 Инфо.
Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Ѓоргиевски со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.
Тогаш мариборските криминлисти влегле во трага на бандата дилери на дрога, меѓу кои и нашинецот. Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.
По него е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава. Но ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил земјава.
Од Кривичниот суд Скопје денеска потврдија дека е одредена мерка притвор за уапсените А.К. (22) и К.Л. (19) кои се снимени од камерите како заедно со Ѓогиевски го напаѓаат Тот кој не пружал никаков отпор.
Извор: 24 Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека не убедуват дека францускиот предлог е…
Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи…
Еврокомесарот за економија: Инфлацијата ќе се намали…
Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони денеска…
Не сакаме војна со Русија: Протести низ…
Протест против протерувањето на руските дипломати се…
Руската амбасадорка се закани: Ќе ја затвориме…
Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова испрати…
Ако ЕСМ продаваше струја по пазарна цена,…
Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија…