Ова се новите цени на горивата што важат од утринава
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.
Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожарот кај Негорци е ставен под…
Пожарот кај Негорци е ставен под целосна…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Исчезната е Злата Јанкова, доколку ја забележите…
Исчезната е Злата Јанкова, последен пат е…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…