Ова се предлозите за нови уставни судии: Власта ги предлага Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Фатмир Скендер и Тања Савиќ

t

Утврдувањето на предлог за избор на судии на Уставниот суд е една од точките на дневен ред на Комисијата за прашања и именувања, што значи дека денеска можно е членовите на Комисијата официјално да ги предложат имињата на новите уставни судии кои треба да ги заменат оние чиј мандат истече пред неколку месеци.

Републичкиот јавен обвините, Љубомир Јовески повтори дека ако биде предложен, тој ќе прифати да биде уставен судија.

Според информации кои кружат во медиумите Тања Васиќ, Љубомир Јовевски и Фатмир Скендер ќе бидат предлозите кои власта денеска на комисијата за избори именување ќе ги предложи за нови уставни судии, потврдуваат за ТВ 24 од пратеничката група на СДСМ.

Комисијата е закажана вчера од новата претседателка Марија Ѓорѓиевска. Мнозинството конечно со предлози за уставни судии, откако Уставниот суд неколку месеци е речиси блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска повеќе пати апелираше до Собранието да избере судии, а неколкупати поради немање доволно мнозинство се одложи и гласањето за некои иницијативи.

Засега е неизвесно кој се ќе биде предложен за нов уставен судија со оглед на тоа што имињата се предлагаат на самата седница без кандидатите да достават документи. Досега се шпекулираше дека СДСМ ќе ја предложи актуелната генерална секретарка во Собранието, Цветанка Иванова и непознат адвокат од Битола, но овие имиња најверојатно се тргнаа од партиската листа, па сега најсилен адут стана јавниот обвинител, Јовески. Како предлог на ВМРО-ДПМНЕ се споменуваше пратеничката и професорка по уставно право, Гордана Силјановска – Давкова, но и за ова нема потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец пукал на свадба, а сватовите му…

Тетовската полицијата информира дека половина час пред…

Русковска: Муареми не си даде оставка, туку…

Обвинителката Вилма Русковска во денешната изјава за…

Бурна свадба во Тетовско: 60-годишник пукал од…

Тетовската полицијата информира дека половина час пред…

(Видео) Еве како ќе изгледа мега паркот…

Општина Ѓорче Петров ќе добие МЕГА ПАРК…

Полицајка и постар маж повредени во судирот…

Вчера во 08:35 часот било пријавено дека…